Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Кавадарци денеска без вода за пиење

И Кавадарци денеска без вода за пиење

Поради редовна годишна контрола и ремонт на главниот цевковод од системот за водоснабдување „Лукар”, Kавадарчани денеска останаа без вода за пиење.

Надлежните посочија дека се работи за редовна постапка за да се изврши скенирање на водоснабдителниот систем и да се извршат санации на сите мали оштетувања кои се случуваат во текот на периодот од последната контрола до сега.

„Жителите кои живеат во повисоките зони на градот во вакви ситуации остануваат подолго без вода за пиење за разлика од тие кои живеат во пониските делови“, соопшти Марјан Прескакулев, раководител во претпријатието.

Тој изрази уверување дека по извршените ремонти водоснабдувањето во Кавадарци ќе се нормализира во вечерните часови. Редовната контрола пак, нагласи, гарантира водоснабдување без проблеми.

Слично

Поврзани вести