Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Југохром бара продолжување на рокот за еколошки дозволи

И Југохром бара продолжување на рокот за еколошки дозволи
Иако законски рок до кој компаниите треба да ги обезбедат интегрираните еколошки дозволи истекува за нецел месец, се поизвесно е дека дел од индустриските капацитети ќе добијат флексибилност од институциите и ќе продолжат да загадуваат и по овој датум. Ваквата намера денеска ја најави и Југохром од Јегуновце. Компанијата ќе бара продолжување на рокот за да обезбеди А-интегрирана еколошка дозвола затоа што им биле потребни уште две години да ги спроведат најкомплицираните процеси кои треба да гарантираат заштита на животната средина. „Ако појдеме со првата фаза, тоа се двете најголеми печки, кои се речиси 60% од Југохром, тогаш ќе се направат и помалите. За тоа ќе ни требаат близу две години“, вели Бранислав Ѓуровиќ, генерален директор на „Југохром Фероалојс“ пред министерот за животна средина Абдилаќим Адеми. Тој појаснува дека за најкомплицираната постапка - отпрашувањето, веќе бил потпишан договор со швајцарска компанија, но е потребно подолго време за реализација на целиот процес. Според министерот Адеми, Владата ќе го разгледа барањето од компанијата. „Не зборуваме за пролонгирање на целата А – интегрирана дозвола и на сите делови од оперативниот план. Затоа што ако за Југохром оперативниот план има 29 делови, можно е Владата да одлучи рокот да го пролонгира само за еден дел и тоа на краток рок“, изјави Адеми. Со законот се предвидува, фирмите што до први април нема да ги обезбедат интегрираните еколошки дозволи да престанат да работат.
Слично

Поврзани вести