И Јанкуловска куртули од притвор
По неколкучасовниот распит пред Кривичниот суд, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска го напушти судот, пренесе ПлусИнфо.
Таа е осомничена за изборни измами во предметот „Титаник“. Јанкуловска во саботата беше отсустна, а денеска, откако се врати од патот во странство, се пријави во судот како првоосомничена во првиот предмет на Специјалното јавно обвинителство.
Денеска на распит беше и екс секретарот на Владата, Кирил Божиновски, кој исто така предмалку го напуштил судот.
Ова е второто продолжение на распитот на осомничените од Титаник.
За првите четворица, меѓу кои Јанакиевски и градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, судија на претходна постапка го отрфли барањето на Јанева за мерка притвор, а само Темелко доби судска одлука еднаш неделно да се јавува на суд.
Иако беше најавено, Кривичниот совет на Судот не се состана да решава по жалбите што ги достави Специјалното јавно обвинителство, по одлуката да не им се изрече мерка притвор.