Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Иринеј дал согласност Вучиќ да не оди во Црна Гора

И Иринеј дал согласност Вучиќ да не оди во Црна Гора

Српскиот владика Иринеј се согласил со одлуката на претседателот Александар Вучиќ да не оди за Божиќ во Црна гора. Вучиќ денеска беше кај патријархот и по средбата рече дека се откажува од посетата иако ја најави претходно. 

Како главен аргумент го наведе мислењето дека ако отиде црногорските власти би ја искористиле неговата посета да кажат дека се работи за напад врз независноста и уставниот поредок на нивната земја. 

Вучиќ додаде дека неговата посета веќе била подготвена, дека знае дека на литургијата во Плевља, на која имаше намера да присуствува, ќе дојдат 30 или 40 илјади Срби, но дека против него се води хајка.


Слично

Поврзани вести