Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Хрватска подготвува воена парада?

И Хрватска подготвува воена парада?

Ден после спектакуларната воена парада на која во Белград беше угостен рускиот претседател Владимир Путин од хрватското Министерство за одбрана излезе информација како слична, а можеби и поголема, парада Хрватска ќе организира следната година, на 20 годишницата од „Олуја“ акцијата, пишуваат хрватски медиуми.

Единственото двоумење е местото на одржување на парадата: Јарун е премал и парадата веројатно ќе се организира негде во Далмација.

Според сегашните планови, учествувале сите родови и сите институции на вооружените сили, пд пешадија, артилерија, инжинерија, хеликоптерски ескадрони, морнарица, воздухопловство до специјалните едници, падобранци. Единствениот проблем кој уште не е решен е локацијата на одржување на парадата.

Поради специфичноста на теренот, веројатно е дека спектаклот ќе се одржи во некој далматински град. Сплит се чини како добар избор поради поморската воена база, но тоа е моментално само шпекулација, пишуваат медиумите.

Последната поголема воена парада која Хрватска ја организирала е одржана во 1995 година.

 
Слично

Поврзани вести