И ХРВАТИТЕ НАВАЛИЈА ВО МЕНУВАЧНИЦИТЕ: Купуваат и монети, снемува евра
Војната во Украина се одрази и на работата на менувачниците насекаде во регионот па и во Хрватска, пишува Индекс.хр. Од почетокот на руската инвазија, ширум земјата има гужви воменувачници, а Хрватите масовно купуваат евра. Гужвите, велат вработени во менувачниците за РТЛ, траат со денови.
„Има многу работа, а валута се купува исто како што се купува нафта во бензинските“, вели продавачката Сања Дадасовиќ.
Размената во последните денови скокна и до 50 отсто. Не се купуваат само евра.
„Пред некој ден имавме дами кои купија динари, чешки круни и полски злоти, што е добро, но има огромна побарувачка за евра. Мислиме дека луѓето си ги вадат резервите“, рече Анкица Јуриновиќ-Остојиќ, сопственичка на менувачница во Загреб.
„Има недостиг од евра“
„Најчесто има 4, 5, 7 или 10 илјади евра, но имаме клиенти кои доаѓаат и купуваат и ковани пари. Жена имаше пари за 5 евра и купи 5 евра, некои дури купуваа и 3 евра, што не беше случај порано кога никој не сакаше да купи монети, тврди Јуриновиќ-Остојиќ.
„Сите евра што сега ги купуваме во нашите филијали се продадоа во исто време. Има недостиг од евра. Луѓето веројатно се плашат од инфлација и потоа се што имаат инвестираат во злато, инвестиции и се друго“, вели Габор Сореги, Претседател на Здружението на хрватски менувачи.
Експертите велат дека нема причина за паника.
