И Груевски се сретна со Ховит
Треба да се искористат сите прилики кои би довеле до решение на единствената пречка за интегративните процеси на Македонија - спорот со името. Со ваков апел известувачот за земјава во Европскиот Парламент Ричард Ховит попладнево се сретна со македонскиот премиер Никола Груевски.
Ховит го поздравил напредокот на Република Македонија, како и мерките кои се превземаат за исполнување на критериумите на планот на евроинтеграциите, изјавувајќи дека треба да се продолжи со нивната доследна имплементација следејќи ги препораките кои се добиваат за нивно ефикасно реализирањ, информираат од владината прес-служба.
Двајцата соговорниците се согласиле дека позитивниот извештај и петтата по ред препорака за преговори од Европската Комисија преставува позитивен сигнал во приближувањето кон Европската Унија и потврда за сработеното на тој план.
Премиерот Груевски ја изразил отвореноста и подготвеноста на македонската страна да разговара за надминување на единствената пречка во евроатланските интеграции на државата - спорот за името, притоа додавајќи дека е корисна и добредојдена ангажираноста и поддршката на Европската Унија и сите оние кои активно може да придонесат во изнаоѓање на прифатливо решение.
Претходно денеска Ховит се сретна и со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, а упати и порака дека треба да се искористи претстојната посета на шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос во Скопје за да се направи пробив по прашањето за името.
Повеќе детали од пораките на Ховит на следниот линк:
Ховит: Посетата на Венизелос е шанса – искористете ја!
Повеќе детали од пораките на Ховит на следниот линк:
Ховит: Посетата на Венизелос е шанса – искористете ја!
Слично
