Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Груевски и Заев се појавија во суд

И Груевски и Заев се појавија во суд
Премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев се појавија во суд денеска на второто рочиште од судскиот процес за клевета што Груевски го поведе против Заев. Двајцата треба денеска да ги дадат своите искази за случајот „Македонска банка“. Заев заработи тужба за клевета откако го обвини Груевски дека зел пари во кеш за продажбата на „Македонска банка“ од контроверзниот срспки бизнисмен Јовица Стефановиќ - Нини. На вчерашното рочиште Нини даде исказ пред судот, во кој негираше дека го познава Груевски и дека некогаш со него разговарал за продажбата на банката. Судот не ја прифати како доказен материјал наводната аудио снимка на која според тврдењата на опозицијата, Груевски и Нини преговарале за продажбата преку посредникот Ден Дончев. По денешното судско рочиште, судот треба да донесе пресуда. Груевски од Заев бара отштета од 500.000 евра.
Слично

Поврзани вести