И грчките банки во опасност поради кризата во Кипар
Дури една третина од депозитите во „Јуробанк“ (Eurobank Ergasias) бу можело да ја напуштат земјата. Како што јавија грчките медиуми повикувајќи се на банкарски извори, тешко ќе биде да се избегне „кратење“ на депозитите од над 100.000 евра, а „Јуробанк“ ќе прибегне до грчкиот стабилизациски фонд, бидејќи нема да може да ги најде неопходните средства за рекапитализација.
Нештата со влоговите се драматични, велат изворите. Сепак грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас уверува дека банкарските депозити се целосно загарантирани.
Во банкарскиот систем во Грција течат значителни промени, откако беше донесена одлука да се запре процедурата за слевање на Националната банка на Грција со „Јуробанк“.Атина беше притисната од кредиторите итно да ја реши судбината на банкит кои побараа и списоци на 30.000 државн службеници што да бидат отпуштени до три месеци.
