И градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ тргнуваат на средби со граѓаните
По пратениците, и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат на терен, на средби со граѓаните. Тие ќе одат лично да се информираат за проблемите на локалното население, но и ќе даваат отчет за сработеното.
Средбите се веќе започнати, а веќе една недела на средби со граѓаните се градоначалниците на Битола, Прилеп, Кочани, Велес. Активностите на градоначалниците течат независно од оние на пратениците од истата партија, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратениците од владејачката партија добија задача да посетат над 400 населени места за да откријат какви проблеми ги мачат граѓаните и за истите да поднесуваат пратенички прашања и други иницијативи.
Слично
