И годинава деца од социјално загрозени семејства ќе одмораат бесплатно
Во средината на јуни околу 2000 деца од социјално загрозени семејства ќе имаат можност да ја искористат понудата за бесплатно летување.
За оваа намена надлежните ќе издвојат околу 8 милиони денари, а проектот се оддржува веќе четврта година по ред, почнувајќи од 2012.
Ова е извонредна можност која што ја немаше во минатото, децата на семејствата кои што се во социјален ризик и кои што се со многу ниски примања и кои што се зависни од социјалната помош која што ја дава државата со години немаа можност да заминат некаде на одмор и како нивните врсници да го почувствуваат сето тоа и да можат кога ќе се вратат со другарчињата да споделат како поминале, што виделе што научиле како се одмориле или како се забавувале, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
