Економија, финансии, бизнис

Контакт

И фудбалските клубови во Србија се вклучуваат во акциите за спасување

И фудбалските клубови во Србија се вклучуваат во акциите за спасување
Најголемите фудбалски клубови во Србија - Црвена Ѕвезда, Партизан и Војводина соопштија дека активно ќе се вклучат во помагање на сите загрозени со огромните поплави што ја зафатија земјата. Клубовите ги повикаа своите навивачи да донесат облека, ќебиња и други неопходни средства за семејствата кои останаа без покрив над глава. Пари ќе се собираат и на наменски отворени сметки. Дури и играчите изјавиле дека се подготвени да се вклучат во акциите за спасување. Министерството за спорт и млади на Србија вчера соопшти дека додека трае вонредната ситуација заради поплавите нема да се одржуваат никакви натпревари. Но, и без тоа, одржувањето на спортските натпревари секако не е возможно, особено во најпогодените региони. Надојдената вода сосема поплави дел од фудбалските стадиони во земјата и други спортски терени.  
Слично

Поврзани вести