И Франција урива рекорди со бројот на заразени со коронавирусот
Рекордни бројки на заразени со коронавирусот бележи и Франција.
Над 436.000 нови случаи се регистрирани вчера во земјата, откако во вторникот беа потврдени рекордни 464.769 инфекции, покажуваат податоците на француското Министерство за здравство. Бројот на заболени од коронавирусот во болниците повторно се зголеми за повеќе од 700 и изнесува 27.230, но бројот на заболени од Ковид-19 на интензивна нега втор ден по ред опаѓа и е далеку под 4.000 пациенти. Омикрон ги зголеми бројките на заразени ширум Европа.
Слично
