И ФИНКИ не сака државен испит?
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) го отфрлил предлогот на Министерството за образование за воведување државен испит во високото образование, објави НОВА.
Според информациите на порталот, институтите на овој факултет веќе одржале поединечни состаноци и гласале против понуденото решение, а во понеделник се очекува состанок и на факултетската управа, по што ставот ќе му биде соопштен на ресорното Министерство.
Деканот на ФИНКИ Димитар Трајанов за НОВас епак нагласува дека официјалниот став на факултетот ќе биде познат по состанокот на Управата.
Слично
