Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ДУИ и ДПА повикуваат на мирни протести

И ДУИ и ДПА повикуваат на мирни протести
Со апели за воздржување од насилство се огласија и ДУИ и ДПА, во пресрет на најавите дека за утре се планираат нови протести во врска со пресудата за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Сите граѓани имаат право мирно да протестираат и да ги изразат нивните ставови, но не и да се вклучат во деструктивни или насилни дејства, велат од партијата на Ахмети. ДУИ ги повикува и надлежните институции да се справат со судскиот случај со почитување на меѓународните стандарди. ДПА апелира сите граѓани да останат смирени и да се воздржат од насилство. Секој има право да протестира, но не и да се вклучи во насилство, соопштија од партијата на Тачи, од каде исто така ги повикаа надлежните институции да се справат со овој судски случај, почитувајќи ги целосно меѓународните стандарди  
Слично

Поврзани вести