Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Драги предупредува да не дојде до „Brexit“

И Драги предупредува да не дојде до „Brexit“

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги инсистира европските држави и влади да најдат компромис во спорот за пакетот реформи кој го сака Британија.

„Економската состојба на светот е таква што итно е потребен еден задоволителен договор“, изјави Драги во рамките на Самитот во Брисел.

Според него зачувување на финансиската стабилност е од взаемен интерес за сите. На овој начин, италијанскиот финансиер индиректно се изјаснува против т.н. „Brexit“, односно излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Во меѓувреме преговорите за договор за реформи на ЕУ, кои ќе го спречат излегувањето на Велика Британија од ЕУ, се уште продолжуваат. Не се очекува да биде претставен новиот предлог на лидерите до попладневните часови.

Дискусиите синоќа покажаа дека останува да биде направено уште многу пред сите лидери на 28-члената унија да го одобрат пакетот реформи.

Упорно се тврди дека ако денес се постигне договор, британскиот премиер Дејвид Камерон ќе закаже референдум за членството на Велика Британија во ЕУ за 23 јуни.

Луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел претходно утринава наведе дека поставените предлози на масата за преговори не ги задоволуваат сите страни. „Уште не сме завршиле. Се надевам до крајот на попладнето да имаме подготвен текст кој ќе се прифаќа од сите“, рекол тој, пренесоа агенциите.

Слично

Поврзани вести