Економија, финансии, бизнис

Контакт

И денеска продолжуваат уличните протести, поддршка за СЈО и од Берлин!

И денеска продолжуваат уличните протести, поддршка за СЈО и од Берлин!

Синоќешните протести на движењето Протестирам против одлуката на претседателот Иванов за помилување и оние на здружението ГДОМ поминаа речиси без инциденти.

Вчерва во 18 часот „шарената револуција“ предводена од „Протестирам“ движењето продолжува.

И овој протест кој ќе биде десети по ред ќе започне пред Специјалното јавно обвинителство во главниот град.

На нозе повторно ќе бидат и Охрид, Куманово, Прилеп , Битола и други градови.

Поддршка за „Протерстирам“ дојде и од дијаспората од Берлин. Таму вчера група Македонци искажаа поддршка преку транспаренти и извикување „Нема правда нема мир“, „Доста беше молк“, „Поддршка за СЈО“.

Погледнете го видеото оттаму:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/UI_0qQFID4k[/embed]

Слично

Поврзани вести