Економија, финансии, бизнис

Контакт

И денеска ќе се сослушуваат заштитени сведоци за „Диво Насеље“

И денеска ќе се сослушуваат заштитени сведоци за „Диво Насеље“

Во Врховниот суд денеска продолжува главната расправа од судскиот процес за настаните во „Диво Насеље“ од 9 и од 10 мај лани.

И денешното рочиште е затворено за јавноста, затоа што се сослушуваат заштитени сведоци, предложени од Обвинителството.

Следното рочиште исто така ќе биде затворено за јавноста, а ќе се одржи на 28 јули.

Судскиот процес против 29 обвинети во случајот „Диво Насеље“ почна на почетокот на февруари годинава. На почетокот на јуни, целиот процес почна одново откако обвинителството со овој случај го спои и предметот „Молња“, во кој осум лица се обвинети дека обезбедувале логистика за кумановската група.

Во настаните во Куманово лани загинаа осум припадници на специјалните полициски единици, а 37 беа ранети. Во борбите со полицијата беа убиени 10 членови на вооружената група.

Обвинетите во случајот се осомничени за тероризам и за терористичка организација.

Слично

Поврзани вести