Економија, финансии, бизнис

Контакт

И денешниот протест против „Монструм“ завршен мирно

И денешниот протест против „Монструм“ завршен мирно

Денешните протести на незадоволните граѓани од пресудата на обвинетите за случајот „Монструм“ завршија мирно и без инциденти.

Демонстрантите, како по обичај тргнаа од пред Јаја-пашината џамија во Чаир упатувајќи се кон судот, но пред трговскиот центар „Мавровка“ засилено полициско обезбедување и кордони го спречија нивното движење.

„Овие протести се за ослободување на осудените, но и за Буџетот кој не донесе ништо корисно за Албанците“, рече Зијадин Села повикувајќи ги протестантитена мирен протест.

Имено, тие излегоа со пет барање до надлежните: Ослободување на осудените во случајот Монструм и нивно обештетување; итно разрешување на јавниот обвинител и судијата од случајот, како и нивно кривично гонење за злоупотреба на службената должност; оставка од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, итно ослободување на сите приведени лица од протестите во Скопје и Тетово, како и барањето на организаторот на протестот Бедри Ајдари, брат на Фејзи Азири, јавниот правобранител , Хелсшинкиот комитет, ОБСЕ да ги посетат приведените од протестите во Скопје и Тетово и праведно да ги известат нивните роднини и пошироката јавност за нивната физичка и здравствена состојба.

(Фото: Алмакос)

Слично

Поврзани вести