Економија, финансии, бизнис

Контакт

И денес протести на „шарената револуција“

И денес протести на „шарената револуција“

По вчерашната пауза денеска шарената револуција продолжува со протестите на улица.

Во добро познатиот термин протестот ќе почне во главниот град пред Специјалното јавно обвинителство од каде толпата протестанти ќе се упати кон Собранието.

Освен Скопје, на улица денеска поддршка на протестите ќе искажат и Битолчани во 18ч, а половина час подоцна и Велес и Кавадарци.

Ќе се протестира и во истокот односно во Крива Паланка, Берово, Делчево, Штип, Струмица, Радовиш, Ресен и Прилеп со почетен термин 19 часот, додека во 20 часот е закажан протест во Демир Хисар.

Како што е познато барањата на шарената револуција се  итно поништување на одлуката за одржување избори на 5 јуни и итно поништување на одлуката за аболиција на оние против кои е покренато обвинение од страна на СЈО.

„Бараме заштита на СЈО и гаранција дека оваа институција ќе продолжи да работи без никакви пречки и во интерес на правдата во Македонија. Уставниот суд итно да се произнесе за уставноста на СЈО и да се овозможи криминалците да бидат соодветно казнети! За Македонија ќе се разговара и преговара во Скопје, а во решавањето на кризата мора да бидат вклучени и независни претставници на граѓанското општество. Конечно, бараме оставка од непретседателот Иванов, формирање специјално одделение на Кривичниот суд надлежно за случаите на СЈО и формирање преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе“!“, велат од Шарената револуција!

sarena melburn

Вчера група Македонци, кои живеат во Австралија, Мелбурн се собраа за да дадат поддршка на Шарената револуција. Тие бараат Ѓорѓе Иванов да ја укине бесмислената и незаконска аболиција и го поддржуваат работењето на СЈО.
Слично

Поврзани вести