И денес пеколно топло-можно локално освежување со дожд
Топлиот бран на територијата на земјава ќе се задржи и денеска.
Вистински пеколни температури може да бидат намалени со најавеното локално освежување.
Локални врнежи проследени со грмежи се можни долж планинскиот дел во источниот крај, како и локално долж западната граница. Но сепак нема да бидат долготрајни.
Максималната температура долж вардарскиот тек ќе има вредности помеѓу 36°С и 39°С а низ остатантите краишта помеѓу 33°С и 35°С.
УВ индекс: 8
И во главниот град сонцето ќе пржи.Температурата очекуваме да достигне максимални 37°С.
Слично
