И денес гласно против режимот „Протестирам“ на протест
Единаесетти ден по ред протести во организација на движењето „Протестирам“ во главниот град.
Демонстрантите почнаа да се собираат пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство откаде преку мостот Гоце Делчев ќе маршираат како што велат до еден од симболите на неправда и корумпираност, Неуставниот суд..
Според најавите денеска ќе се протестира и пред Уставен суд.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/protestiram/status/723912606524817408[/embed]„Сите ние кои веќе со денови маршираме и го креваме гласот за правда, демократија и подобра иднина. Ние, граѓанки и граѓани, активисти, работнички, пензионери, студенти, членови на бројни граѓански организации и политички партии, здружени против овој режим. Внатрешно сме шаренолики, но надворешно имаме заедничка цел. И додека таа не е исполнета, нема да мируваме! Нема правда, нема мир!“, порачаа од ова движење денеска пред почетокот на протестот.
