И децата од 12 години треба да имаат сертификати, Словенија донесе построги мерки
Словенија воведува нови рестриктивни мерки од понеделник.
Се скратува работното време на кафеаните и се забранува собирање на луѓе кои не се членови на исто домаќинство.
Возрасната граница за лицата кои мора да имаат сертификати (прележани, вакцинирани, тестирани) е намалена од претходните 15 на 12 години, а потврдите за коронавирусот ќе се сметаат за валидни само со идентификација со личен документ.
За секој посетител потребно е да се обезбедат најмалку 10 квадратни метри простор, во продавниците на влезот треба да се означи колку луѓе можат да бидат истовремено внатре, платнените маски повеќе не можат да се користат, туку мора да бидат хируршки или тип FFP2.
Слично
