Економија, финансии, бизнис

Контакт

И да врне и да вее вработените на „Леарница“ ќе протестираат

И да врне и да вее вработените на „Леарница“ ќе протестираат
Вработените од МЗТ Леарница продолжуваат со протестите и денес излегоа пред Владата на Република Македонија и побараа државните институции да го решат нивниот проблем бидејќи плата не зеле 12 месеци и не им се уплатени придонесите. Тие се револтирани и од вчерашното соопштение на раководството кое го обвини Синдикатот дека сака да ја уништи компанијата. Работниот процес во МЗТ Леарница е целосно сопрен и вработените не доаѓаат на работа. Раководството иако ги обвини за слаба реализација на бизнис планот никој не бил казнет, посочуваат од Синдикатот на Леарница. Единствено за проблемите во фирмата одговор добиле од УЈП дека е поведена даночна постапка, но останатите институции не се ангажирани во случајот. Протестите ќе продолжат без оглед на временските услови.
Слично

Поврзани вести