И бугарските европратеници се вознемирија за спомен-плочата на Мара Бунева
Случајот со скршената плоча на револуционерката Мара Бунева е доказ на старосрпските теории и политики против Бугарија, кои се уште владеат во Скопје, изјавил бугарскиот европратеник Евгени Кирилов.
Според него, не треба да се заборави дека причина за денешните бугарско-македонски односи се луѓе кои имале долгогодишни кариери во Југославија. „Самата Србија денеска има добронамерна политика кон Бугарија и односите меѓу тие тве земји се развиваат добро, но луѓето во Скопје продолжуваат да размислуваат на стариот начин“, изјавил Кирилов за бугарската новинска агенција Фокус.
Тој побара итни мерки не само од Бугарија и Македонија, туку и од меѓународната заедница.
Бугарскиот културен клуб од Скопје (БККС) вчера најави дека ќе ги извести европратениците за последното уништување на спомен плочата за Мара Бунева на кејот на Вардар, која беше поставена по нивна иницијатива.
Од БККС денеска со соопштение бараат итно да прекине варварското уништување на спомен обележја, културни знаменитости и историски гробишта во Република Македонија.
„Заедно со голем број политички актови на антиквизација и рејугословенизација од последните години, односот кон панихидата и спомен плочата на Мара Бунева сериозно го компромитираат имиџот на Република Македонија како независна држава и кандидат-членка на Европската Унија“, стои во соопштението.
Слично
