Економија, финансии, бизнис

Контакт

И БУГАРИЈА ОСТАНА БЕЗ ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: Што се случува?

И БУГАРИЈА ОСТАНА БЕЗ ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: Што се случува?

И нашиот источен сосед од 7 јануари е без гас од Азербејџан. Како што информираше во четвртокот бугарската државна гасна компанија Булгаргаз, за ​​прекинот се известени на 6 јануари, а снабдувањето се очекувало да биде обновено на 11 јануари. Причината се „неодредени“ технички проблеми, се наведува во изјавата на Булгаргаз за Ројтерс.

Булгаргаз изјави дека заменскиот гас е набавен во Турција.

Цитирајќи неименуван извор, Ројтерс соопшти дека снабдувањето со гас е прекинато „поради проблем“ на платформата Алфа на Бритиш Петролеум во гасното поле Шах Дениз.

Азербејџан ја прекинува испораката на гас за Србија. 

Претседателот на Србија,  Александар Вучиќ изјави дека денеска добил известување од Азербејџан дека неговата земја повеќе не може да смета на 1,7 милиони кубни метри гас што пристигнувале секој ден.

Слично

Поврзани вести