Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Бугарија ќе протера руски дипломати?

И Бугарија ќе протера руски дипломати?

Бугарија е меѓу 20-те земји од Европа, кои ќе го следат примерот на Велика Британија и ќе ги протераат руските дипломати поврзани со руското разузнавање, поради случајот „Скрипал“. 

Ова го пишува електронското издание на британскиот весник „Тајмс“.

„Околу 20 европски земји се подготвуваат да ги протераат руските дипломати поврзани со шпионската мрежа на Москва“- пишува весникот. 

Се наведува и дека на овој чекор се одлучни Франција, Германија, Полска, Ирска, Холандија, Естонија, Латвија, Литванија, Бугарија, Чешка, Данска и уште до 9 други држави.

Според „Тајмс“ протерувањето на руските дипломати ќе започне в понеделник, кога ќе биде отповикан и амбасадорот на ЕУ во Москва.  Одлуката за негово повлекување беше донесена на состанокот на Европскиот совет во Брисел.

Слично

Поврзани вести