Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Бранко Црвенковски доаѓа на конгресот, Заев останува претседател?!

И Бранко Црвенковски доаѓа на конгресот, Заев останува претседател?!
727 делегати на денешниот конгрес на најголемата опозициона партија СДСМ ќе гласаат за доверба на актуелното раководство. Се очекува жестока вербална пресметка и соочување на аргументите. Една група ќе бара оставка од акуелното раководство на партијата предводени од лидерот Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шеќеринска, за разлика од нив раководството ќе остане цврсто на ставот дека предвремените парламентарни избори биле системски украдени и дека сега не е време за поделби, туку за единство и заедничка борба против актуелната влада предводена од Никола Груевски. Ако се суди по дебатите на Централниот одбор на социјалдемократите, на денешниот конгрес на СДСМ повеќе од сигурно е дека ќе има жестока расправа за актуелните состојби во партијата, особено после поразот на предвремените парламентарни избори, а кој изборен процес раководството на партијата не го призна. Заев останува лидер на партијата Раководството на Бихаќка сепак не очекува дека денес ќе дојде до промена на челните позиции во партијата. Според информациите на Фактор, Заев и Шеќеринска сепак ќе добијат подршка од голем дел од делегатите кои ќе имаат право на глас. Иако, никој не сака да прогнозира однапред сепак според информациите актуелното раководство ги има на своја страна повеќе од половината од вкупно 727 - те делегати. Инаку, според информациите до кои дојде Фактор, иако на вчерашниот состанок во партијата имало различни милсења, сепак на крајот едногласно биле изгласани извештаите од претседателските и парламентарните избори. Ова според аналитичарите му дава огромна предност на актуелното раководство пред денешниот конгрес. Внатрепартиските противници на актуелното раководство никогаш не го сакаа Заев - бил провинцијалец и не можел против ВМРО ДПМНЕ? Дел од поранешните пратеници на социјалдемократите преку статуси на социјалните мрежи и отворено пишуваа дека Заев и Шеќеринска треба да ги напуштат челните позиции на партијата. Јани Макрадули, напиша „Промени, а не поделби. Еден е СДСМ“, постирајќи го интервјуто на поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски. Ана Павловска Данева, на својот фб профил, неодамна напиша: „На крајот на денот, кога суетите ќе заминат на спиење, повторно некој ќе треба да се наведне, да зачисти, да среди, едноставно да ја сработи работата. На таквите, оние што биле, ќе им кажат „ти заслужуваше повеќе“, а оние што ќе дојдат „ти можеш и подобро“...Како и да е, од заговорниците за смена на Заев и Шеќеринска денес на Конгресот делегат ќе биде Горан Минчев (како член на Градската организација на СДСМ), кој заедно со поранешните пратениците Ана Павловска-Данева, Јани Макрадули, Андреј Петров и Емилијан Станковиќ важат за моторна сила на идејата за смена на актуелното раководство. На конгресот ќе се појави Бранко Црвенковски? Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски можно е денес да се појави на Конгресот. Би присуствувал во својство на поранешен претседател. Инаку, Црвенковски кој по смената од лидерската позиција речиси 10 месеци беше во илегала, во јавноста се појави пред неколку дена, кога преку Дојче Веле порача дека ниту тој, ниту Заев не биле решение за СДСМ, туку Стево Пендаровски. Ова наиде на различни критики во јавноста, за едни ставот на Црвенковски бил сосема разумен и одличен, додека според Заев, Црвенковски со таа изјава само им наштетил на партијата, од која корист ќе имале единствено ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски. Заев денес ќе повика на единство Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешниот Конгрес ќе повика на единство во битката за симнување од власт на ВМРО ДПМНЕ предводен од Никола Груевски.  Зоран Заев сепак е убеден дека делегатите на денешниот Конгрес ќе му ја дадат довербата, најавувајќи засилено внатрепартиско престројување и воведување на ред и дисциплина во СДСМ. М.И.
Слично

Поврзани вести