И американски General Motors заминува од Австралија?!
Австралиската филијала на „General Motors-GM“ - „Holden“ најавува повлекување од овој пазар и запирање на производството во 2016 година. Како што објавија австралиските медиуми, американскиот производител на автомобили GM, се соочува високи трошоци поради силната валута и намалениот извоз на автомобили.
Оваа компанија има удел во 10 проценти од австралискиот пазар. Годишно произведува околу 95.000 возила годишно, додека за извоз заминуваат 14 илјади од нив . 2012 година ја заврши со загуба од 153 милиони долари.
Претходно австралискиот пазар го напушти „Mitsubishi“, додека од италијанската „Fiat“ исто така објави дека се повлекуваат во 2016 година, односно ги затвораат двете свои фабрики во Австралија.
Слично
