Економија, финансии, бизнис

Контакт

И амбасадорот на САД со барање да се учествува на изборите!

И амбасадорот на САД со барање да се учествува на изборите!

И амбасадорот на Соединетите Американски држави во земјава ги охрабри сите политички партии да учествуваат на изборите.

Преку писмена изјава од амбасадата на САД денеска е укажано од имплементацијата на Договорот од Пржино, во која се вели дека тоа е од суштинско значење за патот на земјава кон Европските интеграции.

Амбасадорот Џес Бејли смета дека оставката на премиерот е важен чекор во тој процес, исто како и одржувањето кредибилните избори.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме подготовката на избори, особено работата на Државната изборна комисија, како и реформите во медиумската сфера и на други места. Времето е кратко. Ги повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите, тоа е најдобриот начин да се подобрат институциите и да се обезбеди кредибилен процес. САД ќе го набљудува напредокот на овој процес и ќе направиме наши проценки, како и ЕУ, ОБСЕ и други тела“, се наведува писмената изјава на амбасадорот Бејли. Амбасадорот во изјавата посочува на поддршката која земјава ќе продолжи да ја добива од САД, посебно  работата на ДИК, како и реформите во сферата на медиумите и други области, додавајќи притоа дека времето е кратко, и уште еднаш ги повика партиите да најдат консензус и да спроведат избори достојни за земјава.
Слично

Поврзани вести