Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Албанија станува кандидат за членство во ЕУ!

И Албанија станува кандидат за членство во ЕУ!
Европската комисија предлага на Албанија да и се додели кандидатски статус за членство во ЕУ, во најновиот извештај за оваа земја што еврокомесарот за проширување Штефан Филе го презентираше денеска во Тирана. Формално, одлуката за кандидатски статус на Албанија треба да биде донесена на Европскиот совет кон крајот на овој месец. Филе на својот Твитер профил објави дека мислењето на Европската комисија е позитивно. За време на престојот во Тирана, тој се среќава со членови на албанската Влада, претставници на опозицијата и на граѓанскиот сектор.
Слично

Поврзани вести