Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Албанија очекува извинување за инцидентот во Белград

И Албанија очекува извинување за инцидентот во Белград
Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати изразува жалење затоа што српските власти не се дистанцираат и не го осудуваат инцидентот кој се случи на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија во Белград. Според Бушати, српските власти должат извинување и осуда на „актите на насилство и отворена омраза кои беа искажани кон албанските национални симболи и симболите на НАТО“. Албанскиот министер бара одговорните за вчерашните инциденти да се изведат пред лицето на правдата и побарал од српската страна да се откаже од невистинито информирање и медиумска пропаганда за овој настан. „Екстремистичкото однесување кое има за цел како заложници да ги држи двата народа е дел од минатото“, вели Бушати. Тој со ниту еден збор не го искоментира демаршот кој му беше испратен денеска од неговиот српски колега Ивица Дачиќ преку албанскиот амбасадор во Тирана. Бушати од УЕФА бара непристрасна истрага за инцидентот.
Слично

Поврзани вести