Економија, финансии, бизнис

Контакт

И актерот Игор Стојчевски објаснува – не добил 5.000 евра од Иванов

И актерот Игор Стојчевски објаснува – не добил 5.000 евра од Иванов
Актерот Игор Стојчевски испрати реакција на информациите за јавните набавки извршени од претседателот Ѓорге Иванов, според кои тој за учество како модератор на јавни настани од шефот на државата добил околу 5.000 евра. Ја објавуваме неговата реакција: „Изненаден од невистините во објавената вест во која сум посочен лично јас и со која директно се урива мојата чест и углед, би сакал да ви укажам на следните факти: За мој ангажман како модератор на настани организирани од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, во 2012 година ми се исплатени 45.000 денари за вкупно 11 настани. За ова поседувам уредна документација. Посочените приходи се пријавени во Управата за јавни приходи. Поради ова, сметам дека тенденциозните новинарски тврдења, за кои воопшто не сум консултиран, се директен напад врз мене“, стои во реакцијата. Стојчевски бара јавно извинување и остава на судот на јавноста да процени околу „вистинитоста на изнесените податоци и намерите на пишувачот на ваквите тенденциозни натписи“.
Слично

Поврзани вести