Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хутите се заканија дека ќе затворат многу важен теснец

Хутите се заканија дека ќе затворат многу важен теснец

Хутите од Јемен предупредија дека може да го затворат стратешкиот теснец Баб ел-Мандеб и да прогласат поморска блокада против САД и Израел. Заканата доаѓа во момент кога Ормутскиот теснец веќе е под силен притисок поради војната со Иран.

„Доколку се донесе одлука за воена интервенција против Иран, една од првите мерки ќе биде прогласување поморска блокада“, изјави функционерот на Хутите, Абед ал-Тавр.

Вели дека трговските и воени бродови што се движат кон САД или кон израелските пристаништа би можеле да бидат запрени.

Втората мерка што ја разгледуваат Хутите е целосно затворање на теснецот Баб ел-Мандеб за бродови што пловат кон Израел.

Овој теснец е клучна врска меѓу Црвеното Море и Аденскиот Залив. Преку него минува голем дел од глобалната трговија меѓу Европа и Азија.

Корпусот на исламската револуционерна гарда веќе го блокира Ормускиот теснец. Тоа значително го забавува еден од најважните светски енергетски коридори. Доколку се затвори и Баб ел-Мандеб, глобалната трговија и транспортот на нафта би можеле да се соочат со сериозен удар. Инаку, се очекува повеќе намирници да поскапат. Израел и САД го нападнаа Иран на 28 февруари. Војната влезе во 17-от ден. 

foto Wikipedia

Слично

Поврзани вести