ХУМАНОСТ ИЛИ БИЗНИС? Која е скриената причина што основачот на Фејсбук го донира своето богатство
Марк Цукерберг, сопственикот на популарната социјална мрежа Фејсбук, за да го прослави раѓањето на неговата ќерка, одлучи да подари 99 отсто од акциите или 45 милиони долари за решавање на светските проблеми.
Примател на донацијата ќе биде фондацијата основана од него и неговата жена “Иницијатива Чан Цукерберг”. Сепак оваа е добротворна организација која треба да ја одржи и контролата на Фејсбук.
Но, ваквата „игра” со акциите, професорот по финансии на NYU Stern School of Business Дејвид Јермак поинаку ја толкува.
Во неговото истражување тој вели дека тоа е механизам за контрола врз компаниите што ги заобиколува трговските закони, пишува The Daily Beast.
Тој смета дека овој потег на шефот на најголемата социјална мрежа во светот ќе им овозможи не само на него, но и на неговите наследници да работат со движен и недвижен имот, недопирливи од даночните закони.
Освен тоа, по подарувањето на скоро целото свое богатство, Цукерберг ќе плати помал данок за годишни приходи и намалувањето може да достигне до 1/3 од нив. Во неговиот случај тоа се 333 милиони долари.
