Хуманитарците апелираат, донирајте топла облека за мигрантите
Во врнежливите денови, на мигрантите најмногу им е потребна топла облека и обувки.
Повеќе хуманитарни организации од Македонија апелираат граѓаните да донираат јакни, капи, чорапи и обувки за бегалците кои минуваат низ државата.
Донациите граѓаните можат да ги однесат на повеќе места како магацинот на Легис, кој се наоѓа во Чаир на улица Цветан Димов 4. Магацинот ќе биде отворен од 10 до 20 часот.
Донации можат да се носат и во просториите на Хелсиншкиот комитет кој се наоѓа во Дебар Маало на улица Наум Наумовски Борче 83 и е отворен од 9 до 17 часот преку неделата, а за викенд од 10 до 14 часот.
Слично
