Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хуманитарната помош има приоритет на српските граници

Хуманитарната помош има приоритет на српските граници
 

Српската Царинска управа ги презеде сите мерки и ги поедностави царинските процедури за да се намали задржувањето на хуманитарната помош на границите. Сите царински службеници имаат прецизни инструкции каде треба да ја упатат хуманитарната помош, која пристигнува од други земји.

На царинскиот Терминал Белград, одреден како центар каде што се собира хуманитарната помош од странство, комбиња и камиони чекаат да се ослободат магацините на Црвениот крст за да ја истоварат помошта. „Дадовме налог до сите службеници пратките со хуманитарна помош да ги сметаат за приоритетни. Според тоа, доволно е транспортното средство да се појави и нашите вработени веднаш ќе го преземат и тоа многу брзо, без какви било проблеми, ќе влезе во царинското подрачје и ќе стигне на својата цел“, изјави помошник-директорот на Царинската управа на Србија Веселин Милошевиќ. Во исто време, цариниците добиле задолжение во исклучителни ситуации, кога од објективни причини превозникот не е во можност да ангажира шпедитер, самите да ја пополнуваат декларацијата и да ја обработуваат кога се однесува за пратките со хуманитарна помош. Клучна информација за сите оние што испраќаат хуманитарна помош во Србија, а немаат прецизна информација кому ја праќаат, истата да ја упатат на царинскиот Терминал Белград (11568). Таму 24 часа се присутни претставници на Црвениот крст, царинската служба и полицијата, кои пратката ќе ја упатат до оние на кои им е најпотребна.  
Слично

Поврзани вести