ХУМАНИТАРНА МИЗЕРИЈА: Секнува помошта за мигрантите!
Хаос и гужва на јужната и северната граница. Мокри и премрзнати илjaдници мигранти бараат помош и храна од хуманитарните организации. Овие пак во грч како да обезбедат хуманитарни пакети за сите.Од невладината “Легис” оперираат со бројка од околу 4000 бегалци кои само во текот на вчерашниот ден стигнале на железничката станица во Гевгелија. Велат се пропуштаат се поголем број на бегалци, а на терен се трошат и последните резерви. Приоритет имаат ранливите категории, но поради истоштеноста и дождот деновиве скоро сите се во оваа категорија.
“Градот е преплавен. Нашите екипи се на терен.Раздадовме во еден наврат повеќе од 2500 пакети со храна, но и тие се малку. Ги носат со возови, има автобуси и комбиња за Табановце. Ситуацијата е алармантна. Некои одат и со такси возила. Стравуваме дека изгладнети и накиснати ќе смрзнат на северната граница бидејќи температурите навечер се драстично пониски” -вели Јасмин Реџепи од невладината “Легис”.
Слична состојба регистрирале и останатите хуманитарци. Велат и оние мали залихи кои ги оставале “ за црни денови “ полека завршуваат. Активистите од “Help the migrants in Macedonia” ноќта ја минале работно. Разнесувале ќебиња за бегалците на јужната и северната граница. Велат на Табановце имало многу дечиња и мајки кои патот дотаму го поминале мокри и гладни. Има и такви кои стигнале пеш.
“Цела вечер се разнесуваат ќебиња. Обезбедивме 500 за во Гевгелија, а уште толку за Табановце. Навечер е многу ладно, особено за децата. Деновиве беше врнежливо па многумина кои немале каде да се засолнат останале накиснати. Кога успеале да дојдат до железничката станица барале начин што побрзо да се качат на воз. Вечерва стотици стигнаа на Табановце и им помогнавме колку што можевме. Во моментов ова се наши донации. Единствено ни е покриен бензинот од УНХЦР, но сепак ни е потребна помош. Незнаеме со ваква бројка која постојано расте како ќе се снаоѓаме. Доаѓа време на дождови, тоа не плаши. Се потешко ќе биде да им се помогне на сите”-вели Кемал Скриејл од “Help the migrants”.
Покрај со возови, мигрантите цела вечер се разнесувале и со автобуси, комбиња и такси возила. Автобуската карта ги чинела 15 евра, а оние кои можеле да си дозвоат плаќале двојно поскапо со такси. Таксисти дури од Струмица биле постојано на овој реон со полни возила бегалци.
Дополнително според невладините ситуацијата ја усложнува сеуште нереализираната најава за дневен центар за прифаќање на бегалците. Локалните власти велат дека локацијата е утврдена,ќе има и дополнителни возови, но на терен сеуште нема ништо, па бегалците се снаоѓаат на свој начин. На железничката станица може да се забележат луѓе кои на отворено се преоблекуваат, сушат алишта, се мијат. Оваа слика според хуманитарците ја пренесуваат и домашните и странските медиуми.
“Неможете да гледате како деца плачат за вода или за храна, а да мислите на тоа уште колку има. Се троши се што се има. Се надеваме дека и централната и локалната власт ќе најдат начин да ја менаџираат состојбата на терен, бидејќи алармот е веќе вклучен” -велат хуманитарците.
Официјалните податоци на МВР велат дека само вчера во Македонија се регистрирани и примени околу 1000 мигранти, но реалната бројка е далеку поголема бидејќи сите бегалци не се пријавени кај органите. Од македонска страна е даден апел до грчките полициски структури да преземат соодветни мерки за да го намалат трансферот на мигранти до македонската граница, кој барем според последните најави е неколкукратно поголем од моменталните 5000 бегалци. Најголемиот број од нив се од Сирија, а според надлежните зголемен е и бројот на деца кои без придружба од родители или роднини стигнале на македонска територија.
С.Б.

Слично