Хрватските весници – пред колапс ?
Намалување на ДДВ од 10 % на 5 % побараа денеска Синдикатот на новинарите на Хрватска и Хрватското Новинарско здружение . Тие бараат да се намали Данокот на додадена вредност за пишаните медиуми поради тешката состојба предизвикана од намалување на продажбата и маркетингот, неликвидноста и отпуштањата од работа. Освен поради кризата во Хрватска , работењето на пишаните медиуми е на удар и поради се поголемиот број на ново-отворени весници. Поради кредитната задолженост на весниците , банките стануваат сопственици на што поголем број удели во медиумите .
Слично
