Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватските угостители во јули, пријавиле промет поголем за 65% од лани

Хрватските угостители во јули, пријавиле промет поголем за 65% од лани
Хрватските угостители во јули пријавиле речиси 65% поголем промет во однос на минатата година, објави хрватската Даночна управа. За истиот период, малите компании пријавиле 34% поголем промет. Споредбата на ДДВ обрасците за 2012 и 2013 година, покажува дека фискализацијата во прометот со готовина, односно воведувањето на фискални благајни дава добри резултати, наведуваат од Даночната управа, пренесуваат хрватските медиуми. Физичките лица, главно трговци, пријавиле дури 32,20% повеќе промет од лани, додека зголемувањето кај малите правни лица изнесува 38,68%.  
Слично

Поврзани вести