Хрватските синдикалци планираат државен удар
Осум хрватски синдикати планираат државен удар односно со штрајкови да предизвикаат хаос во државата и уривање на Владата, ова стои во таиниот план кој што го објави хрватскиот весник Јутарњи лист
Челници на осум синдикати и државни служби во тајност подготвуваат синдикален удар со две цели: првата – минималистичка и значи враќање на коефициентот на плати на вработените во државната управа на ниво од пред неодамнешното намалуавње за 3%.Втората – максималистичка – е уривање на Владата и преговори со новата влада.Во тој дел синдикалците самоуверено најавуваат дека тие преговори би се воделе во атмосфера за можно уривање на владата од синдикатите и граѓаните, наведува весникот.
Синдикалците тоа го договориле на состанок одржан во вторникот во Работничкиот дом. На состанокот учествувале мнозинство шефови на синдикати во јавни и државни служби кои преговараат со владата за платите.
Целата акција на синдикатите е смислена како жесток одговор на владиното намалување на платите за околу 240.000 вработени во јавни или државни служби за три отсто од март, наведува Јутарњи лист.
Повикувајќи се на свои извори, весникот наведува дека синдикалните лидери на првиот состанок се договориле за конкретен план синдикални активности кои ќе почнат со состанок на 31 март оваа година.
