Хрватските јавни службеници без покачување на платите
Владата во Хрватска оваа година нема да ги зголеми платите на јавните службеници за 6 %.
Проценките покажуваат дека и во 2017 и во 2018 година пари не се предвидени за покачување на платите, што ги налути синдикатите. Во 2006 година синдикатите со Владата потпишаа договор според кој во наредните три години ќе им се зголемуваат платите за 6%. Така беше се до 2009 година кога заради криза основицата се врати на ниво на 2008 година, по што беше потпишан дополнителен договор според кој покачувањето ќе зависи од растот на БДП. Од синдикатот сметаат дека од 1 јануари 2016 година се исполнети условите на службениците да им се исплаќа покачување.
Слично
