Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватските фамилии имаат околу 81.000 евра имот

Хрватските фамилии имаат околу 81.000 евра имот
Имотот на просечна хрватска фамилија се проценува на 81.000 евра, што е осум пати помалку од кипарските фамилии, односно три и пол пати помалку од богатството на шпанските фамилии. Европската централна банка го “распламна огнот“ со податоците кои покажуваат дека јужњаците се побогати со недвижности неколку пати од своите сограѓани од западот, укажува Вечерни лист. Богатството на кипарските фамилии пак изнесува 670.000 евра, австриските 265.000, германските 195.000 на  грчките околу 160.000 евра. Во Хрватска не постојат прецизни податоци за вредноста на фондот за недвижности, а според загребскиот Економски институт во недвижностите на оваа земја се кријат околу 700 милијарди куни.
Слично

Поврзани вести