Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТСКИОТ ВРВ ДЕНЕСКА ЈА ПРИМА АСТРАЗЕНЕКА - Пленовиќ, Берош и Јандроковиќ како пример

ХРВАТСКИОТ ВРВ ДЕНЕСКА ЈА ПРИМА АСТРАЗЕНЕКА - Пленовиќ, Берош и Јандроковиќ како пример

Премиерот Андреј Пленковиќ, министерот за здравство Вили Берош и претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ наскоро во текот на денешниот ден ќе бидат вакцинирани со вакцината на АстраЗенека.

Портлот Индекс.хр ќе ја пренесува во живо вакцинацијата. 

Инаку, оваа вест вчера на Твитер ја потврди владиниот портпарол Марко Милиќ.

Пленковиќ, Берош и Јандроковиќ ќе бидат вакцинирани денес во 9 часот во Бански двори.

Потсетуваме дека и во Хрватска и во Европа постои значителна недоверба кон вакцината АстраЗенека по неколку смртни случаи поврзани со тромбоза по вакцинирањето со оваа вакцина.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ги испита овие настани и откри дека AstraZeneca е безбедна и ефикасна и не е поврзана со овие несакани ефекти.

извор и фото Индекс.хр

Слично

Поврзани вести