Хрватскиот службен весник ќе произведува и тоалет хартија
Службениот весник на Хрватска „Народне новине“ ја проширува дејноста на производство на тоалет хартија, објавуваат хрватските медиуми.
Така, освен официјално објавување на законите и прописите, една од дејностите ќе биде производство и на тоалет хартија. „Народне новине“ во овој проект веќе вложиле 4 милиони евра, а се во потрага и по производствен капацитет.
Опремата за производство е набавена во Италија и требаше да биде инсталирана во хала во близина на Риека, која е во сопственост на весникот, но се покажа дека просторот не е доволно голем. Затоа опремата ќе биде инсталирана на нова локација, која ќе ги задоволува потребите на идното производство.
Слично
