Хрватскиот пасош е петтиот најмоќен во светот
Хрватскиот пасош останува меѓу најмоќните во светот.
Хрватскиот пасош и натаму е меѓу највлијателните во светот, покажува најновото рангирање на Passport Index, според кое Хрватска се наоѓа на петтото место според индексот на мобилност.
Иако во однос на лани падна за едно место, кога беше четврта, хрватскиот пасош и понатаму им овозможува на своите носители едно од највисоките нивоа на слобода при патување. Индексот на мобилност ги зема предвид државите и териториите во кои може да се влезе без виза, со виза при пристигнување, со електронско одобрение за патување или со забрзана електронска виза.
Хрватска има индекс на мобилност 172 и го дели петтото место со Словенија, Романија, Чешка, Словачка, Бугарија и Естонија. Со тоа, хрватскиот пасош е рангиран пред американскиот, кој е на деветтото место со индекс 168.
Македонскиот пасош е на 33-то место на светската ранг-листа на моќта на патните исправи, покажуваат актуелните податоци на Passport Index на Arton Capital.
На дното на листата се наоѓаат Авганистан, Ирак, Сирија, Пакистан и Сомалија, чии државјани и натаму се соочуваат со најголеми ограничувања при меѓународните патувања.
