Хрватскиот и словенечкиот премиер потпишаа меморандум за Љубљанска банка
Меморандум за согласност потпишаа хрватскиот и словенечкиот премиер Зоран Милановиќ и Јанез Јанша со кој е догoворено решението на Љубљанска банка да се пронајде во рамките на сукцесија, а словенечката влада во парламентот веднаш да ја покрене ратификацијата за хрватскиот пристапен договор.
По едночасовниот разговор двајцата премиери го потпишаа документот во кој се вели дека ќе се најде сеопфтано решение по прашањето за пренесување на заштедите од Љубљанска банка, а во таа насока ќе продолжат активните преговори под закрила на Банката за меѓународни порамнувања во Базел.
-Имаме решение кое ги задоволува и двете страни. Договорот е краток и јасен и се надевам дека меѓу нас, наскоро нема да постојат граници“ изјави Милановиќ.
Хрватската влада ќе даде сигурност дека тужбите на хрватските банки за пренесените заштеди ќе ги стават во мирување и нема да покренат никакви нови судски или други постапки во однос на прашањето на пренесените државни заштеди на Љубљанска банка. Словенија ќе се обврзе веднаш во парламентот да покрене постапка за ратификација за пристап на Хрватска во ЕУ.
Слично
