ХРВАТСКИ ВОЈНИК Е РАНЕТ НА БОИШТАТА ВО УКРАИНА: Пренесен е на безбедно, ќе се лекува во болница во Загреб
Според „Јутарњи лист“, хрватскиот државјанин кој се борел во
Украина неодамна бил ранет во битка на бојното поле и се очекува да се врати во
Хрватска.
Како што соопшти хрватското МНР, тој е пренесен на безбедно место од каде ќе му биде обезбеден превоз и патувањето ќе го продолжи за Хрватска каде што ќе го продолжи лекувањето во една од загрепските болници.
„Ја потврдуваме информацијата за повредениот хрватски државјанин во Украина, кој со здружените сили на Министерството за надворешни и европски работи и Министерството за здравство со украинските власти е пренесен на безбедно, од каде ќе му биде обезбеден транспорт и понатаму ќе отпатува за Хрватска каде ќе продолжи со лекување, соопшто прес-службата на Министерство за надворешни и европски работи.
Како што неофицијално се дознава, хрватскиот државјанин се борел како волонтер на украинска страна и има потпишан договор со Украина. Најголем дел од хрватските доброволци се дел од баталјонот „Азов“.
ФОТО: EPA