Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватски ТДР ќе ги поскапи цигарите во БиХ

Хрватски ТДР ќе ги поскапи цигарите во БиХ
Поради влезот на Хрватска во Европската унија, постои можност да поскапат цигарите на хрватската фабрика за цигари ТДР од Ровињ кои се пласираат на босанскиот пазар, пишува порталот SEEBiz. Неодамна, хрватската компанија ги поскапела цигарите „Валтер волф“ од 3,20 на 3,30 конвертибилни марки. Имено, до први јули Хрватска беше членка на ЦЕФТА, па за хрватските производи и цигари немаше царинско оптоварување за увозот во Босна и Херцеговина. Но, од почетокот на јули, за влез на хрватски цигари во БиХ, се плаќаат царински стапки од 15%. Како што пишува порталот, ТДР во текот на мај и јуни направиле поголем извоз на цигари во БиХ, за да имаат резерви на стока што не е царинета.  
Слично

Поврзани вести