Хрватски работници ќе работат три дена, а ќе бидат платени за пет!
Хрватската Влада на денешната седница го прифати предлог-законот за зачувување на работните места, со кој се предвидува освен досегашната мижност за „неработен петок“ да се прогласи и „неработен четврток“ во фирмите кои имаат финансиски проблеми.
Хрватските власти очекуваат законот да спаси две илјади работни места, а за негово спроведување само до крајот на годинава ќе бидат потребни околу 700.000 евра.
Законот им дава можност на работодавачите кои се соочуваат со проблеми да го скратат работното време на вработените за најмногу 40% од полното работно време, односно за околу 16 работни часа или два дена.
На работникот на кој ќе му биде скратена работната недела државата ќе му ја исплаќа разликата во работни часови. Освен зголемувањето за уште еден ден, новина е тоа што хрватските работодавачи ќе имаат можност ваквата бенефиција да ја користат 12, наместо досегашните 6 месеци.
Слично
